Законот за реорганизација на државната администрација е основен закон за реструктуирање на централната власт, смета министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, кој преку објава на Фејсбук рече дека овој закон е веќе во напредна фаза.
„Министерството за информатичко општество и администрација е посветено и активно работи со сите политички актери за подготовка на овој закон, кој во моментов е во напредна фаза на подготовка”, пишува тој.
Алити нагласи и дека јавната администрација мора да се соочи со идните предизвици кои имаат јасна цел; подобрување на услугите во јавниот сектор што создава задоволителни резултати за граѓаните и ја подобрува инвестициската клима.
Министерот заврши со пораката дека Законот за реорганизација на администрацијата и дава сила и стабилност на земјата за интеграција во Европската Унија.