Алиу: Алијанса во коалиција со опозицијата, значи дека ДУИ ќе заврши конечно во опозиција

од Nikola Popovski
201 прегледи

Доскоршниот министер за информатичко општество и член на АА, Азир Алиу оценува дека доколку неговата партија настапи самостојно на изборите, само ќе ѝ направи услуга на ДУИ. Алиу го поддржа лидерот, Арбен Таравари, партијата да оди на изборите заедно со Европскиот сојуз за промени.

На прашањето дали имаат „црвени линии„ за евентуалната идна владина коалиција, за задржување на европскиот пат, Алиу одговори потврдно.

„Нема да коалицираме со партија која нема да се обврзе да го задржи европскиот пат, што значи и уставни промени“, нагласи Алиу во гостувањето на емисијата „Клик плус“, додавајќи дека „АА во коалиција со опозицијата, ДУИ ќе заврши конечно во опозиција“.

Техничкиот премиер Талар Џафери предложи разрешување на Алиу и поранешниот министер за здравство, Фатмир Меџити, откако кадровската комисија на Алијанса, блиска до таборот на екс-претседателот Зијадин Села, го побара тоа од него.

Слични содржини