Министерот за здравство, Азир Алиу денеска изјави дека нема информација дека зеленчукот и овошјето од Трубарево не треба да се консумираат. Тој укажа дека според официјалните резултати од направените анализи, нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во ова скопско село.
-Два дена имавме активен скрининг, првиот ден поминаа 111 лица од кои 11 продолжуваат на Клиниката за пулмоплогија, а вториот 103 граѓани поминаа низ процедурите и од нив 7 продожуваат на Пулмологија. Во однос на овошјето и зеленчук од Трубарево, направени се мерења во воздухот, водата и почвата, покажаа дека нема елементи над дозволените граници. Според протоколот, по еден месец повторно ќе се проверуваат вредностите и по првиот дожд. ИЈЗ ќе информира за елементите, а се надевам дека се активни и другите институции. Ние ќе излеземе со препораки. Но, нема радиоактивност таму, таа е во нормалните граници. Имаме Кризен штаб, досега немам информација дека зеленчукот и овошјето не треба да се конзумираат, посочи министерот, одговарајќи на новинарски прашања.
Фабриката за електронски отпад се запали на 13-ти септември, а густиот црн чад вечерта се спушти во градот. Низ цело Скопје се чувствуваше силен мирис на изгорена пластика.