220
Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу изрази солидарност со народот на Словенија, откако земјата беше зафатена од катастрофални поплави, во кои загинаа најмалку шест лица.
„Дождовите и свлечиштата, кои започнаа во четвртокот, поплавија големи делови од Словенија. Ја изразувам мојата срдечна солидарност до народот на Словенија кој е погоден од катастрофалните поплави. Нашите мисли и молитви се со нив во ова тешко време. На повредените им посакувам брзо оздравување и контрола на ситуацијата“, објави Алиу на социјалните мрежи.
Дождовите и свлечиштата кои започнаа во четвртокот, поплавија големи делови од централна и северна Словенија.