Алиу: Македонија може да има свој сателит во вселената за 2-3 години

од Nikola Popovski
246 прегледи

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу денеска информираше дека за две до три години, Македонија може да има свој сателит во вселената.

-Тоа значи многу и за државата, но и за дигитализација на општеството. Да имате орбитална пзиција во вселената е битен фактор за две работи – мора еден ден да размислуваме за наш сателит. Тоа ќе обезбеди посигурни податоци за граѓаните, поевтина трансформација на дигитализацијата во општеството и престиж. Тоа ќе трае. Во моментов имаме договорени координати за нашата држава и тие се фиксни и веќе ни се на располагање, рече денеска Алиу.

Според него, втората фаза е анализата и таа трае 2-3 години.

-Каков тип на сателит – дали ќе одиме со лансирање на сателитот или тој простор ќе биде позајмен на одреден период. Ова треба да биде одлука на државата заедно со ITU. Знаете дека ITU е најстарата институција во светот која ги дефинира фреквенциите за комуникација во орбитата, има три нивоа, ние сме на трето ниво, на 16,6, ако сакате да ја знаете бројката, значи точната позиција што ја имаат во орбитата, додаде Алиу.

На 16-ти декември, Алиу во Дубаи го потпиша Финалниот акт за лансирање на сателит со кој и Македонија ќе добие сопствена позиција во орбитата.

Слични содржини