Алиу: Не би бил искрен ако кажам дека проблемот со недостиг или доцнење на лекови е исклучиво домашен

„Меѓународната криза не смее да ни биде алиби за домашна бавност“, вели министерот за здравство

од Nikola Popovski
12 прегледи Фото: Фејсбук/Министерство за здравство

„Не би бил искрен ако кажам дека проблемот со недостиг или доцнење на лекови е исклучиво домашен. Европската агенција за лекови јасно укажува дека недостигот на лекови е сериозен проблем за синџирот на снабдување и за јавното здравје, а како причини ги наведува производствените проблеми, недостигот на суровини и активни состојки, глобалните нарушувања во синџирите на снабдување, ограничените производствени капацитети и наглите скокови на побарувачката“, вели министерот за здравство, Азир Алиу за проблемот со недостиг на одредени лекови.

Сепак, истакнува дека неговата позиција е дека меѓународната криза не смее да ни биде алиби за домашна бавност.

„Токму затоа, подготвивме нов Закон за лекови, со современи решенија за побрзи постапки за одобрување и регистрација, систем за следење на снабдувањето, навремено спречување недостиг и напредни електронски системи за следливост и анализа на потрошувачката. Направени се сериозни нормативни напори за системот да го извлечеме од логиката „ќе реагираме кога ќе настане проблем“ и да го внесам во логиката „ќе го предвидуваме проблемот пред да се претвори во ризик за пациентите“, порача Алиу во интервјуто за „Локално“.

Интервју со Алиу: Крајната цел е секој пациент да може да ја добие потребната здравствена услуга во местото каде што живее, тоа е поевтино за системот и пофер за граѓанинот

Слични содржини