Алиу се пофали со над 1250 вработувања во здравството за 45 дена

од Nikola Popovski
41 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека за 45 дена се реализирани над 1250 вработувања во 85 јавни здравствени установи низ државата, како дел од стратешкиот процес на кадровско зајакнување на здравствениот систем.

МЗ пренесува изјава на министерот за здравство Азир Алиу дека „до овој момент, во рамките на процесот, се спроведени над 1700 тестирања“.

-Ова е значајно и историско зајакнување на кадарот во рекордно време во здравствениот сектор – дополнителна мотивација, конечно решен статус на сите овие лица кои со години немаа сигурност, здравствено осигурување, формален работен однос и беа под континуиран стрес. Сега, со овој чекор, добија достоинствено место во системот, истакнува Алиу.

Министерството за здравство наведува дека со оваа кадровска стабилизација „испраќа силна порака за континуирана грижа и вложување во човечкиот капитал, како предуслов за подобри здравствени услуги за сите граѓани“.

Слични содржини