Алкалоид со максимална победа во петтото коло на Европскиот Клупски Куп 2019

од Aleksandar Petrovski
248 прегледи

Алкалоид со максимален резултат 6:0 ја совлада екипата од Швајцарија „Zurich Schachgesellschаft“. Во овој меч шахистите на Алкалоид покажаа најсигурна игра до сега и на ниедна табла не им дозволија на противниците да одземат некој поен.

Мамедјаров повторно демонстрираше висока класа и ја искористи малку пасивната игра на својот противник за да освои цел поен. Андреикин успеа да ја прекине серијата реми, овој пат не ја испушти остварената предност, а со тоа и цел поен. Најбрзите победи во мечот ги постигнаа Шанкланд и Криворучко. Ковалев ја оствари четвртата победа на турнирот, и на крајот Инаркиев го оформи конечниот резултат во мечот 6:0.

После петото коло, во водство е екипата „Obiettivo Risarcimento” Падова, Италија со максимални 10 меч бодови. Ја следат „Medny Vsadnik” Петербург Русија и „Sk Joly Lysa nad Labem” од Чешка со по еден бод помалку. Алкалоид моментално е на делба на четвртото до 10 место со 8 бода.

Во шестото коло, ШК Алкалоид за противник го има првакот на Чешка „Sk Joly Lysa nad Labem”, а “Obiettivo Risarcimento” игра против „Medny Vsadnik”.

Слични содржини