242
Фудбалерот на Барселона, Рафиња Алкантара изрази желба да остане во Интер, каде моментално игра како позајмен играч.
„Се разбира дека сакам да останам тука. Не дојдов во Интер со мислата да ја вратам формата и да се вратам во Барселона. Сакам да останам тука. Сѐ останато зависи од Интер“, изјави Бразилецот пред „Gazzetta dello Sport“.
„Ми се допаѓаат луѓе како Лучано Спалети, кои ги кажуваат работите директно во твоето лице. Ние се слушавме преку телефон уште додека бев во Барселона. Тој знае дека можам да играм на сите позиции во средината на теренот, но исто така и во нападот. Сега се чувствувам добро, со правилен ритам. Се наоѓам во добра кондиција и се адаптирам“, додаде техничарот.