Алкантара си замина од Пари Сен Жермен

од Vladimir Zorba
352 прегледи

Искусниот играч за врска Рафиња Алкантара (28) премина од француски Пари Сен Жермен во шпански Реал Сосиедад, потврдија од двата клуба.

Бразилскиот офанзивен играч за врска до крајот на сезоната оди во Шпанија на позајмица, иако лани пристигна во ПСЖ за само милион и пол евра од Барселона.

Пред тоа Барселона го испрати на позајмица во Интер и Селта, а за ПСЖ одигра 39 натпревари и забележа седум асистенции.

Тој оваа сезона е во втор план во Париз и на пет натпревари собра само 220 минути.

Неговиот договор со „светците“ е со важност до јуни 2023 година.

Слични содржини