Алкантара за едно полувреме сруши рекорд во Премиер лигата

од Vladimir Zorba

Шпанскиот репрезентативец Тијаго Алкантара дебитираше за Ливерпул во победата на гостувањето кај Челзи (0:2), а само 45 минути поминати на теренот беа доволни за да собори рекордот во Премиер лигата.

Алкантара имаше 75 успешни додавања на полувремето, повеќе од сите играчи на Челзи во текот на целиот натпревар, но и најмногу што еден играч успеа да го постигне за 45 минути игра на кој било натпревар во Премиер лигата од сезоната 2003/04.

Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, навивачите на „црвените“ беа многу задоволни од неговото претставување, толку многу што целосно заборавија на направениот пенал во 75-та минута.

Слични содржини