Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз изјави дека не е тешко повреден на мечот од второто коло на Олимписките игри во Париз против Холанѓанецот Талон Грикспор, пренесуваат шпанските медиуми.
Вчера Алкараз го совлада Грикспор со 6:1, 7:6 (7:3), а во текот на вториот сет шпанскиот тенисер побара помош од физиотерапевт.
„На некој начин, можам да кажам дека оваа болка што ја чувствував е нормална. Сум се справил со тој проблем и претходно. Таа повреда не е сериозна, не сум загрижен. Знам како да се справам со болката. Знам дека не е ништо сериозно, така што не ме засега психички“, изјави Алкараз.
Шпанскиот тенисер во третото коло на Олимписките игри ќе игра против Русинот Роман Сафиулин. Додека го чека меч и во конкуренција на двојки, каде ќе игра со Рафаел Надал против холандската двојка Грикспор/Колоф.