Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во осминафиналето на Австралија Опен по победата над Нуно Боржеш од Португалија, а по мечот откри што ќе се истетовира доколку ја освои титулата во Мелбурн.
По секој Грен слем што ќе го освои, тенисерот има специфична тетоважа, како што е Ајфеловата кула или јагода, а сега тоа евентуално ќе биде кенгур!
– Да, ќе биде кенгур сигурно! Единствениот трофеј што ми недостига е токму тука, така да кенгурот е моја идеја, изјавил Алкараз.
Тој во осминафиналето ќе игра или со Џек Дрејпер или со Александар Вукиќ. Шпанецот го победи Боржеш во четири сета, откако го загуби третиот во тај-брејк. Сè друго беше прилично лесно за шпанскиот ас.
Според проекциите и ако се оди според планот, Алкараз во четвртфиналето треба да се сретне со Новак Ѓоковиќ.