Карлос Алкараз ќе го сврти вниманието кон натпреварите со Рафаел Надал на Дејвис купот откако испадна во групната фаза на финалето на АТП во Торино, Италија.
Шпанецот вчера загуби со 6:7(5), 4:6 од Александар Зверев (Германија) и го напушти натпреварувањето.
Алкараз го започна учеството на турнирот во Торино, борејќи се со болест и оствари само една победа во групната фаза – против Андреј Рубљов (Русија).
Неговото предвремено повлекување значи дека ќе има повеќе време да се подготви за отворањето на Дејвис купот на Шпанија против Холандија во Малага во вторник, што сигурно ќе биде емотивна прилика додека тенисот се подготвува да се збогува со легендата Рафаел Надал.
„Ќе можам да бидам покрај него во неговите последни моменти на тенискиот терен. Кога бев дете, сонував да го освојам Дејвис купот за Шпанија. Оваа година имаме навистина посебна шанса да го направиме тоа”, изјави Шпанецот.
„Но, мислам дека тоа е најважно за Рафа, за неговиот последен турнир. Навистина сакам тој да си замине со титула. Тоа ќе биде навистина, навистина емотивен и посебен турнир за мене“, додаде тој.