Алкараз: Сакам не едно, туку две злата во Париз!

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Олимпискиот тениски турнир започнува на 27 јули, а како што сега стојат работите, главен фаворит е Карлос Алкараз, човекот кој ги освои Ролан Гарос и Вимблдон.

Натпреварите се во Париз, токму на терените на Ролан Гарос. Карлитос неколку дена ќе се опушти со семејството и пријателите, ќе го прослави трофејот на Вимблдон, а потоа почнуваат подготовките. Целта на Алкараз не е само едно злато, туку две.

„Тенисот е таков, еден ден победувате, а веднаш зад аголот доаѓа нешто важно на кое треба да се концентрирате. Ќе уживам во оваа титула со пријателите и семејството, ќе се опуштам малку и ќе се ослободам од тензијата, но после тоа едвај ги чекам првите Олимписки игри. Одиме по злато, не само едно, туку две – со Рафа во двојки“, изјави Алкараз.

Полесно од очекуваното, Алкараз го победи Ѓоковиќ и ја освои својата четврта Гренд слем титула во исто толку финалиња. Ваков настап на 21 година немаа ниту Новак, ниту Надал, ниту Федерер. Шпанецот не крие дека целта му е на крајот од кариерата да застане рамо до рамо со големата тројка, но не сака ниту да избрзува со големи најави.

„Сè што направивме досега беше неверојатно, неверојатно патување досега. Како што реков, сакам да продолжам, да напредувам, да растам и да продолжам да победувам. Тоа е сè што ми е важно сега. Не знам каде ми е границата. Сакам да продолжам да уживам во моментот, да продолжам да сонувам. Да видиме дали на крајот од кариерата ќе имам 25 (титули Гренд слем), 30, 15 или четири. Не знам“, заклучи Алкараз.

Слични содржини