Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето откако го совлада Британецот Џек Дрејпер со 6:4, 6:4, враќајќи му со иста мера за поразот на Индијан Велс.
Натпреварот започна подобро за Дрејпер, кој прв направи брејк и поведе со 4:2. Сепак, Алкараз ги доби следните четири гема по ред и го освои првиот сет со 6:4. Во вториот сет, шпанскиот ас продолжи во ист стил. Иако Дрејпер успеа да се врати со контра брејк, поведе со 4:3 и имаше две брејк топки, не ги искористи. Наместо да го искористи моментумот, доби пенал поради прекршок, а тоа му даде дополнителна мотивација на Алкараз.
Младиот Шпанец ги доби последните два гема со загубен само еден поен и на импресивен начин се пласираше во полуфиналето. Во следното коло, Алкараз ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Лоренцо Муцети и Александар Зверев.