Алкохолните пијалаци поскапи за 0.7 % во јануари

од Vladimir Zorba
335 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2021 година, во споредба со декември 2020 година, остана на исто ниво.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0.3 %, Алкохолни пијалаци за 0.7 % и Безалкохолни пијалаци за 0.8 %, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 1.6 %.

Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.5 %.

Слични содржини