AllWeb – конференција за предизвиците во дигиталниот маркетинг

од Vladimir Zorba
69 прегледи

 

Дигитална трансформација, оптимизација на огласување, креирање содржина, анализа на публика, медиумски навики, кризно комуницирање и развој на пазар, се само некои од темите на 5. конференција AllWeb што ќе се одржи денеска во Скопје.allweb-digital-marketing-conference

Организаторите најавуваат нови, квалитетни говорници кои ќе се осврнат на иднината и предизвиците во дигиталниот маркетинг.

Според програмскиот директор на AllWeb Дарко Булдиоски, обезбедено е присуство на искусни стратези кои зад себе имаат сработено многу. Еден од нив е Ерик Меијер од Дојче Телеком.

– Освен луѓе од сферата на маркетингот, темите ќе привлечат внимание и кај извршните директори и менаџери, но и кај сите на кои бизнисот им зависи од начинот на комуникација со пошироката јавност, вели Булдиоски