Тренерот на Баер (Леверкузен), Чаби Алонсо даде прилично концизен одговор на прашањето дали сериозно размислувал за можноста да го наследи Јирген Клоп во Ливерпул.
Шпанецот изјави дека таквите одлуки секогаш треба да се носат по длабоко размислување и за него најважен аргумент бил она што веќе го има во неговиот сегашен клуб. За тоа дали имал конкретни разговори со „црвените“, Алонсо претпочитал да молчи.
„Овие работи остануваат зад сцената. Секоја таква одлука треба да се донесе по внимателно разгледување. За мене поважно беше она што го имав од она што ми недостигаше. Сигурно имам врска со Ливерпул и таа се уште постои, така што нема проблем“, изјави 42-годишниот Алонсо во интервју за Си-Ен-Ен.
Алонсо беше играч на Ливерпул помеѓу 2004 и 2009 година.