Алонсо нема да биде прв возач во Астон Мартин

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Фернандо Алонсо нема да има статус на прв возач во Астон Мартин следната сезона, објави тимскиот шеф Мајкл Крак. Двократниот светски шампион го напушта Алпин на крајот на 2022 година и ќе го заземе местото на Себастијан Фетел, кој најави повлекување.

„Не, Алонсо нема да има статус на пилот бр.1 во тимот – објасни Мајкл Крак. – Фернандо и Ленс Строл ќе имаат еднакви можности, но ниту Фернандо не сакаше такво нешто. Сакам да ги демантирам и гласините дека Алонсо ќе добие многу повеќе пари со нас. Секако дека дебело ќе го платиме за неговиот талент, брзина и искуство. Но, со оглед на тоа колку брзо се договоривме со него, може да се каже дека не губевме време да разговараме за пари и мали детали“.

Крак потсети на говорот на Алонсо пред летната пауза, кој сепак беше насочен кон Алпин – тогаш Фернандо рече дека преговорите со тимот може да траат само 10 минути. Но, Крак појасни дека десетте минути на Астон Мартин биле искористени многу поуспешно од оние на Алпин.

Пред неколку дена Алонсо потврди дека договорот со Астон Мартин му е на две години, но повторно изјави дека нема намера да ја заврши кариерата во Формула 1.

Слични содржини