165
Чаби Алонсо го донесе Баер Леверкузен на дофат на титулата во Бундеслигата.
Шпанскиот стручњак заврши одлична работа и беше првиот избор за нов менаџер и на Ливерпул и на Баерн кој ќе го преземе во следната сезона.
Сепак, тој ги одби сите понуди и реши да остане во Леверкузен, со кој сезонава нема ниту еден пораз.
„Има многу причини зошто останав. За само една година создадовме вистински тим со неверојатен дух. Играчите побараа од мене да останам и тоа беше одлуката. Тие се тој магнет“, изјави Алонсо.
Чаби смета дека овој тим се уште не го достигнал својот врв.
„Се чувствувам како дел од клубот и мислам дека е рано да си заминам по само една година. Не е вистинското време“, изјави Алонсо.