12
Шпанецот Чаби Алонсо (43) го започна својот мандат на клупата на Реал Мадрид на Светското клупско првенство.
На прес-конференцијата пред последното коло против РБ Салцбург, Алонсо испрати одговор до претседателот на Барселона, Жоан Лапорта. Тој изјави дека „Барселона има чувство за демократија и слобода, а Реал Мадрид има чувство за моќ“.
Новинарите го прашаа Алонсо за неговата реакција, на што тој даде интересен одговор.
„Којзнае во кој контекст го кажа тоа, па нема да навлегувам во тоа. Ние навистина имаме чувство за слобода и демократија, а и тие имаат чувство за моќ. Значи, можам да кажам истото за нив“, беше краток Алонсо.