399
На легендарниот возач на Формула 1, Фернандо Алонсо му беше оперирана горната вилица и треба да биде подготвен за стартот на новата сезона, пренесува „Алпин“.
Инцидентот се случил во четвртокот, кога Шпанецот, кој возел велосипед, бил удрен од автомобил во близина на неговата куќа во Лугано. Веднаш бил пренесен во болница и бил опериран.
Двократниот светски шампион ќе остане на набљудување уште 48 часа.
– Лекарскиот тим е задоволен. По неколку дена целосен одмор, тој ќе може да продолжи со тренинзите. Очекуваме дека тој ќе биде целосно оперативен за подготовките за новата сезона – се наведува во соопштението на францускиот тим.
Alpine F1 Team Statement pic.twitter.com/ateZJHITxj
— Alpine F1 Team (@AlpineF1Team) February 11, 2021