Алонсо по освојувањето на Суперкупот: Покажавме одличен дух, навивачите ни дадоа сила

од Vladimir Zorba
62 прегледи

Тренерот на Баер (Леверкузен) – Чави Алонсо, проговори по успехот на „аспирините“ во финалето на германскиот Суперкуп турнир, освоен со 6:5 по изведувањето пенали. Избраниците на Алонсо беа во негатива од 37-та минута и заостануваа со 1-2 од 63-та, а израмнувачкиот гол дојде на две минути пред крајот на регуларното време.

„Да играш така во последните 15 минути со десет играчи против Штутгарт и да израмниш беше неверојатно. Покажавме голем дух, навивачите ни дадоа сила“, изјави Алонсо.

Тренерот на „аспирините“ имаше и убави зборови за ривалот од Штутгарт.

„Навистина ми се допадна како играше Штутгарт. Знаеме како игра Штутгарт, со силен притисок и пресинг. Со нетрпение ги очекуваме битките во Бундеслигата“, додаде Алонсо.

Потоа тренерот на шампионите зборуваше и за своите впечатоци од состојбата на тимот по првиот официјален натпревар од сезоната 202/2025.

„На некои играчи им треба уште време за тренирање. Други тренираат целосно шест недели. Имаме широк состав и успеавме да донесеме силни играчи од клупата. За мене е добро што имам можност да избирам меѓу многу фудбалери“, изјави Алонсо.

Слични содржини