Алонсо сѐ уште не го презеде Реал, а веќе отпиша четири ѕвезди

од Nikola Popovski
2,4K прегледи

По објавата за заминувањето на Карло Анчелоти, сега останува само официјално да се потврди доаѓањето на Чаби Алонсо на клупата на Реал Мадрид и почетокот на нова ера. Иако клубот сè уште официјално не го објави неговото доаѓање, Алонсо веќе некое време ја планира реконструкцијата на тимот.

Како што пишува „Дон Балон“, Алонсо им рекол на претседателот Флорентино Перез и на спортскиот менаџмент на клубот дека не смета на четири играчи, или затоа што имаат загрижувачки живот надвор од клубот, или затоа што немаат доволно квалитет за да играат во Мадрид. Станува збор за Ендрик, Брахим Дијаз, Лукас Васкез и Аурелиен Чуамени.

За првите двајца споменати, нивниот статус беше во голема мера под влијание на фактот што Анчелоти не им даде многу можности на теренот, што доведе до нивна демотивација и губење на фокусот, особено на тренинзите, бидејќи Италијанецот целосно ги игнорираше.

Што се однесува до преостанатите дваjca, тие имаа исклучително лоша сезона и постојано беа критикувани за слабите перформанси на теренот. Затоа Алонсо одлучи Васкез, чиј договор истекува на крајот од сезоната, да го напушти клубот. Чуамени ќе биде ставен на продажба за време на претстојниот летен преоден рок.

Еден од условите што Алонсо му ги постави на Перез за да ја прифати понудата да го тренира мадридскиот клуб беше правото да донесува одлуки за планирањето на тимот, односно можноста да одлучува за доведување нови играчи, како и кој ќе го напушти клубот. Алонсо го сака тимот според неговите желби и се чини дека ќе го постигне тоа во наредните месеци.

Слични содржини