Алонсо: Во 2026 година ќе биде мојата последна можност во Формула 1

од Vladimir Zorba
45 прегледи

Шпанскиот Ф1 возач на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, призна дека најверојатно ќе се трка уште две години на патеките.

„Веројатно тоа ќе биде мојата последна сезона во Формула 1 бидејќи мојот договор со Астон Мартин завршува на крајот на 2026 година. Ова ќе биде моментот на вистината, имам големи очекувања. Следната сезона е преодна, ќе имаме нов болид, но сонуваме за 2026 година“, коментира Алонсо во интервју за Би-Би-Си.

Се чини дека судбината не ми даде најголеми можности. Но, јас сум веќе на залезот на кариерата и ќе се обидам максимално да ги искористам шансите, учејќи од нив“, изјави Шпанецот.

„Доколку 2026 година помине без проблеми и добро се забавуваме заедно, постои можност да се натпреварувам уште една година, или барем да бидам отворен за таа перспектива. Нема да ја затворам вратата, но ќе ја гледам секоја трка како да ми е последна“, уверува тој.

„Мојата самодоверба е иста и ќе биде до денот кога нема да се чувствувам удобно во автомобилот. Ако чувствувам дека сум побавен од другите или побавен од она што верувам дека можам да го постигнам, ќе дојде тој ден. Тогаш јас ќе кренам раце и ќе престанам да се тркам“, вели Алонсо

„Не размислувам за годините, медиумите понекогаш ме потсетуваат на некоја статистика, но се чувствувам како да имам 25 или 30 години и се уште се тркам“, потенцира Фернандо Алонсо.

Слични содржини