Алонсо: Задржувањето на Хамилтон беше исклучително лесно

од Vladimir Zorba
315 прегледи

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, формираше огромен ред зад себе во втората половина од вчерашната трка за Големата награда на Монако, во која зад себе остави огромен број возачи. Првиот од нив беше седумкратниот шампион Луис Хамилтон, кој го гледаше задното крило на пилотот на Алпин повеќе од 40 круга.

И покрај побавното темпо на Алонсо, неговиот поранешен тимски колега никогаш не се приближи доволно за да размислува за напад. Така, двајцата останаа непроменети и завршија на седмото и осмото место во Кнежевството, соодветно.

По трката, Шпанецот се пошегува со новинарите на патеката дека му било „исклучително лесно“ да го задржи Хамилтон зад себе.

„Прво, мислам дека немавме гуми или ресурси во нив за да ги завршиме преостанатите 33 круга. Имавме два избора: да ги вратиме тврдите што веќе ги користевме или да ставиме нови медиум. Ги избравме медиум, но нашите прогнози беа за живот помалку од 33 круга и не знаевме дали ќе успееме да завршиме. Се грижев за гумите 15 круга, а потоа туркав до целта кога ми кажаа дека Естебан е казнет. Не е мој проблем што тој (Луис) беше зад мене. Беше многу лесно, исклучително лесно да го задржам“, изјави Алонсо.

Слични содржини