Алонсо: Знам колку чини еден литар млеко во супермаркет

од Vladimir Zorba
303 прегледи

Пилотот на Мекларен, Фернандо Алонсо, рече дека семејството останува приоритет за него. Шпанецот истакна дека не се чувствува ѕвезда и води нормален начин на живот.

„Моето семејство е основата на мојот живот. Делам сѐ со семејството, секогаш ги искажувам своите мисли на роднините, зборувам за планови, соништа, цели, не правам ништо, без да дискутирам за тоа со своето семејство. Патувам многу, но секогаш пред летот или по слетувањето им се јавувам роднините и честопати разговарам со нив“.

„Јас сум нормална личност, нормален пријател. Знам колку чини еден литар млеко во супермаркет. Јас го купувам дома. Сакам да готвам и да одам во кино“.

„Кога сте тркач на Формула 1, околу вас има многу различни луѓе. Но, надвор од овој свет, јас сум нормална личност: ги резервирам авио билетите, ги споредувам цените на интернет. Ги следам моите трошоци, ги решавам секојдневните проблеми“, изјави Фернандо Алонсо за Билд.

Слични содржини