Алсат М: Боењето и чистењето за самитот на ОБСЕ чинеле цели 1,8 милиони евра

од desk2
0 прегледи

Алсат М дојде до договорот вреден 1,8 милиони евра кој екс-министерот за надворешни работи Бујар Османи во 2023 година го потпишал со компанијата „Еуровиа“, за која се тврди дека е донатор на партијата ДУИ, за обезбедување услуги за време на Самитот на ОБСЕ во Скопјe.

Објавата на документот доаѓа во време кога Државниот завод за ревизија утврди дека 2 милиони евра биле потрошени без документација за самитот и коалицијата Вреди поднесе пријава до Јавното обвинителство да постапи по извештајот на ДЗР.

Само за боење на вентилационите канали во црвена боја биле потрошени 130.000 денари. Во договорот има многу такви активности со различни цени. Некои услуги биле извршени без да се утврди соодветната цена, туку со договор за „паушална сума“, пишува Алсат М.

За демонтажа, реновирање и чистење на внатрешноста на објектот, според договорот, се предвидени 2,5 милиони денари. Над 1,3 милиони денари се платени за механичко чистење на надворешниот простор на ВИП влезот на салата „Борис Трајковски“ каде што се одржа самитот. За демонтажа и поставување на спортскиот под во зона 2.18 биле платени 166 илјади денари, додека за демонтажа и поставување на шанкот во истата зона биле платени 462.500 денари.

За машинско чистење на постоечки под со керамички плочки, линолеум, спортски и друго се платени 5.000 денари по квадратен метар или вкупно 250 илјади денари. За 96.000 денари била расчистена и обележана површината каде што е планирано проширување на паркингот. За демонтажа на штандот за прес-конференцијаи, екраните, металните држачи и слично, биле планирани 150.000 денари, пишува Алсат М.

Слични содржини