Има некој дечко ама не сме ни ние запознати баш…
Тој беше понапред стан на Верушевски, тројката.
Тука живеел порано Верушевски?
А, Верушевски до кога живееше тука?
Сега точно ако ви кажам ќе ве излажам која година, ама многу одамна е преселен.
Ова е државен стан?
Државен е станот. Не знам на кого припаѓа сега.
А, од Пустец имало ли тука луѓе сместувано?
Од? Пустец. Пустец….не знам.Во овој стан до 2002 година живеел поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски. Во 2003 година тој под притисок на јавноста го врати станот на државата, бидејќи му биле доделени во владение два државни стана.
После тоа кој дојде во станот?
Никој. Не сум видел досега.
Сте виделе ли тука некои жители од Пустец, 20-30 луѓе биле сместени.
Не, не, не, не. Не сум видел никој и знам дека е празен.
Оттогаш соседите велат дека немало некој постојан станар. Министерот Спасовски пред три дена обелодени дека открил повеќе вакви државни станови на чија адреса незаконски биле издавани лични карти на луѓе од Пустец.
По 20, 30, луѓе од овие 424 лица се водат на една адреса. Направив проверка во избирачкиот список. Сите 424 лица со незаконски лични карти се наоѓаат во избирачкиот список, што значи им било овозможено да гласаат, рече Спасовски.Една од бомбите говори точно за овие мали човечиња
Повеќе Тука
