Алта Банка на чекор до целосно преземање на Стопанска банка Битола – истекува рокот за јавната понуда

Алта банка има намера да стане сопственик на 100% од акциите на битолската банка преку откуп на 371.538 обични акции со право на глас, по цена од 3.777 денари за акција

од Nikola Popovski
27 прегледи

Денеска официјално завршува јавната понуда на српската Алта Банка АД Белград за откуп на акции од Стопанска Банка АД Битола, со што се навестува потенцијално значајна трансформација во македонскиот банкарски сектор.

Алта банка има намера да стане сопственик на 100% од акциите на битолската банка преку откуп на 371.538 обични акции со право на глас, по цена од 3.777 денари за акција. Запишувањето на акциите се врши преку овластените банки и брокерски куќи. Банката веќе располага со 19.439 акции, а за успешна реализација на зделката, потребно е понудата да ја прифатат акционери кои колективно поседуваат најмалку 273.795 акции – што претставува 70,03% од вкупниот број на издадени акции.

Во случај аквизицијата да биде успешна, Стопанска банка Битола ќе стане дел од банкарската групација Алта, која во изминатите години покажува раст и амбиции за регионална експанзија.

Оваа трансакција би можела да се вброи меѓу најзначајните банкарски аквизиции во земјава во последната деценија, особено поради нејзиниот потенцијален ефект врз пазарната конкуренција и реструктурирањето на банкарските односи во земјата.

Слични содржини