„Алта Груп“ го менува преземачот, не и намерата за преземање на СБ Битола

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) на Република Северна Македонија донела одлука за привремено запирање на постапката за понуда за преземање на Стопанска банка А.Д. Битола, поднесена од белградската компанија Алта Гроуп ДОО.

Според соопштението објавено на Македонската берза, одлуката е донесена на 19 август 2025 година, а до банката е официјално доставена на 25 август, под архивски број 02-10332/1.

Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:

Известуваме дека согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерски друштва, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на ден 25.8.2025 година заведено под архивски број 02-10332/1 до Стопанска банка а.д. Битола достави Решение УП1 бр.10-54 од 19.8.2025 година, со кое, врз основа на член 1 став 2 од Законот за преземање на акционерски друштва (“Службен весник на Република Македонија„ бр.69/2013, 188/2013, 166/2014, 154/2015, 23/2016 и 248/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.21/2020) и член 54 став 1 од Законот за општа управна постапка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/2015), постапувајќи по барањето на Алта Гроуп ДОО Белград, Р. Србија за добивање дозвола за понуда за преземање на акционерското друштво Стопанска банка а.д. Битола, на својата седница одржана на ден 19.08.2025 година донела Решение со кое постапката се запира поради промена на преземачот во рамки на истата групација.

Во конкретниот случај, преземачот во Барањето за запирање на постапката истакнал дека останува при намерата за преземање на Стопанска банка а.д. Битола, односно не се откажал од намерата за преземање на Стопанска банка а.д. Битола, туку само врши промена на преземачот во рамките на истата групација.

Слични содржини