Алтеринатива за предлогот Гаши да биде премиер: Му благодариме на Мицкоски за изразената почит

од Берта Китинска
477 прегледи

Му благодариме на господинот Мицкоски за изразената почит кон претседателот Африм Гаши, но Алтернатива моментално е во еден процес кој е во тек и се уште не е завршен. Во овој период немаме причина и не можеме да зборуваме за ништо друго, велат од Алтернатива за „Локлано“ во врска со предлогот на  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој побара преодна влада предводена од лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

-Бидејќи Пендаровски бара 61 потпис да застанеме со 61 потпис позади името на Африм Гаши, да биде новиот мандатар на преодната влада, наместо Димитар Ковачевски и да ја реши енергетската и економската криза. Ова да биде до одржувањето на парламентарните избори. Очекувам и ДУИ да го поддржи Гаши за премиер, рече Мицкоски на прес-конференција во седиштето на партијата.

И пратеникот на Алијанса за Албанците, Елми Азири, изрази увереност дека Мицкоски кај лидерот на Алтернатива Африм Гаши препознал низа квалитети коишто би можеле да бидат употребени за излез на земјава од повеќето кризи.

-И ние повикуваме на формирање на експертска или техничка влада за што побрзо да имаме предвремени избори поради лошото менаџирање на кризата. Што се однесува до предлогот на господинот Мицкоски, претпоставувам дека господинот Мицкоски кај господинот Гаши видел капацитети за справување со сите кризи што се случуваат во Македонија но и со решавање на евроинтегративниот процес, односно деблокирање на тој процес, така да ние го поддржуваме тој предлог, зошто да не, кажа Азири.

Слични содржини