Алтернатива ја напушти Владата и ќе делува како опозиција

од Nikola Popovski
191 прегледи

Партијата Алтернатива одлучи да излезе од Владата и повторно да биде опозиција на политичката сцена. Вака денеска е одлучено на состанокот на Централното Собрание на партијата.

-Иако нашите довчерашни партнери ја поминаа и последната етичка линија и немаа трпение да ја чекаат нашата одлука на Централното собрание, што доволно говори за нивниот политички морал, ние денеска се собравме и одлучивме Атлернатива со тројцата пратеници и сите нејзини структури ќе биде опозициска партија. Сепак ние остануваме посветени на европскиот пат и нашите идеолошки определби, европската програма и доблестите во кое веруваме. Ќе продолжиме да се ангажираме за доброто и подобар стандард на сите граѓани. Ќе ја поддржиме секоја агенда која е во интересот на граѓаните, рече меѓу другото лидерот на партијата Африм Гаши.

Тој напомена дека сите членови на Централното собрание биле едногласни дека треба да делуваат заедно и надвор од Владата.

-Јас се плашам дека со ова што го направи СДСМ ги загрози европските перспективи и со ваквите потези ќе предизвика вербалност и така ќе растат некои радикални партии кои се против европските интеграции. Иднината ќе биде сведок кои биле во право, рече Гаши.

Сепак тој потврди дека неговата партија ќе гласа за уставни измени.

-Нема дилема околу тоа, додаде лидерот на Алтернатива.

Во министерствата за здравство, за информатичко општество и администрација и ресорот за дијаспора со кои досега раководеа функционери од Алтернатива, сега се предложени кадри од Алијанса за Албанците, со којашто завчера беа заокружени преговорите за приклучување во влдината коалиција.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за утре во 15 часот ја закажа седницата за Предлогот за реконструкција на владиниот кабинет за нови четворица министри и пет заменици министри.

Слични содржини