227
Централното претседателство на Алтернатива вечерва бира кандидат за прв човек во здравството, министри, заменици и директори на позициите кои лидерот Африм Гаши ги договори со Зоран Заев.
Вечерва ќе се знае дали стоматологот Беким Сали ќе го замени Венко Филипче или за министер ќе биде избран друг кадар на партијата.
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши пред неколку дена во емисијата „Здраво Македонијо“посочи дека одлуката за Сали да биде министер не е дефинитивна
-Ние од партијата на Централниот конгрес ќе се договориме кој ќе биде министер.И јас како претседател ќе дадам свој придонес и лично ќе се ангажирам да помогнам на министерот. Тој министер ќе им служи на сите граѓани, вели Гаши.