Новото училиште во скопско Визбегово нема да биде пуштено во употреба до крајот на 2023 година, иако министерот на ДУИ, Јетон Шаќири, ветил дека училиштето ќе биде готово за почетокот на учебната година во септември годинава. Потоа рече дека „сè ќе биде готово за 1 октомври“, а сега, како што беше најавено, се очекува наставата да започне на 1 септември следната година, односно во 2024 година, соопштуваат од Алтернатива.
„Од Министерството за образование и наука велат дека во текот на овој период мора да ги завршат сите административно-технички процедури поврзани со поставувањето на трафостаницата за електрична енергија, што наводно беше причина ова училиште да не започне со работа. Но, жителите на Визбегово, оставени на маргините на интересот на функционерите на ДУИ, меѓутоа со право истражија и заклучија дека доцнењето со почетокот на работата на ова училиште е намерно и дека преку ноќ ќе биде готово на прагот на парламентарните избори.
Ова брутално тактизирање на ДУИ е и показател за тоа што оваа партија е способна да направи за политички цели. Во конкретниот случај, оваа партија, без никакво чувство за одговорност, продолжува да си игра со судбината на стотици деца и семејства на Визбегово во стилот „не денес, туку утре…“. Од друга страна, овој министер продолжува да им дозволува на децата Албанци во Велес да не го остварат правото на настава на албански јазик, исто како и оние на Идризово, на кои исто така им се негира наставата на албански јазик. Тоа докажува дека ДУИ сè уште се надева дека со лаги ќе ја задржи власта.
Знае ли некој да каже колку пати министерот Шаќири ветил дека учебниците за учениците ќе бидат готови? Всушност, многупати излажа, бидејќи учебниците сè уште ги нема, и покрај тоа што се обидуваше да ја префрли вината на друго место. Изгледа јасно е дека и овој министер е немоќен да направи нешто конкретно, па затоа поддршка да си ја „спаси главата“ наоѓа во измамата, која е сржта на нивната лага, која кога ќе се измислува од Артан Груби и оние кои што ги има под контрола, навистина има кратки нозе. Тоа јасно го докажа случајот со училиштето во скопско Визбегово, како и недостигот на учебниците. Граѓаните сега сè повеќе се уверуваат дека „ерата“ на ДУИ почна да заоѓа“, додаваат од партијата на Гаши.