Алтун: Ердоган е исклучително силен и ќе продолжи да ја води земјата уште долго време

од Stefanija Kuzmanovska
164 прегледи

Турскиот лидер Реџеп Таjип Ердоган е „исклучително силен“ и ќе продолжи да ја води земјата, изјави денеска шефот на Канцеларијата за комуникации на турскиот претседател, Фахртин Алтун.

„Целта на гласините и дезинформациите за здравјето на нашиот претседател е да се преврти политичката ситуација. Нашиот претседател е исклучително силен и полн со енергија и уште долго ќе ја води државата“, рече Алтун.

Тој додаде дека Ердоган „продолжува активно да ги извршува своите претседателски должности“, пренесува ТАСС.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коџа изјави дека Ердоган се чувствува подобро откако се лекува од неодамнешна инфекција и наскоро ќе ја продолжи изборната кампања.

„Претседателот е во одлична здравствена состојба. Ефектите од инфекцијата врз неговото тело се намалија. Се сретнав со него и тој испраќа поздрав до сите. Наскоро ќе продолжи со работа како дел од предизборната кампања“, рече тој.

Ердоган беше хоспитализиран вчераутро откако се почувствувал лошо за време на телевизиско интервју.

Подоцна беше објавено дека се работи само за стомачен вирус.

Слични содржини