Алварез нова цел на Баерн Минхен

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Баварците го сакаа Флоријан Вирц во своите редови, но како што стојат работите сега, тој ќе ја продолжи кариерата на Островот. Клубот од Минхен долго време беше прв избор на младиот играч, меѓутоа, Ливерпул се вмеша во целата приказна, дури и ги заинтересира родителите на Вирц, кои беа во Англија минатата недела.

Сепак, германските медиуми фрлија уште една „бомба“ и тврдат дека Вирц сега паднал во втор план и дека Баерн се свртел кон нов играч. Мета наводно е Хулијан Алварез, кој има фантастична сезона во Атлетико Мадрид.

Иако првиот човек на клубот, Енрике Серезо, изјави дека Алварез не е на продажба, се чини дека тој нема да може да одолее на понудата. Слободата на гореспоменатиот играч чини нешто повеќе од 100 милиони евра, што нема да биде проблем за клубот од Минхен.

Ливерпул и Арсенал веднаш се вклучија во целата приказна, иако и Барселона е заинтересирана за овој играч.

Слични содржини