Алварез со уште една доза критики кон Гвардиола

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Напаѓачот на Манчестер Сити и Аргентина, Џулијан Алварез навести дека не се чувствува ценет кај „граѓаните“ и дека би можел да го напушти клубот уште ова лето.

За него постои огромен интерес од Атлетико (Мадрид), a Диего Симеоне му подготвува сериозна улога во тимот.

Алварез сепак нема да избрзува со својата одлука и ќе размислува за својата иднина по завршувањето на Олимписките игри во Париз каде е дел од репрезентацијата на Аргентина.

Фудбалерот зборуваше за „ДСпортс радио“ и рече: „Минатата сезона бев еден од играчите со најголема минутажа во тимот во Премиер лигата. Но, вистина е дека на некои важни натпревари, кога треба да отсуствуваш, тоа не ти се допаѓа“.

Во тимот на Пеп Гвардиола, Алварез не е главен избор за врвот на нападот, каде е Ерлинг Холанд, кој не престанува да постигнува голови и не му дозволува на Аргентинецот да го покаже целиот свој потенцијал.

„Ќе имам време да донесам одлука. Не престанав да размислувам со ладен ум. Кога ќе заврши Олимпијадата, ќе почнам мирно да размислувам што сакам за себе“, изјави тој.

Слични содржини