Алвеш подготвен за второто деби во дресот на Барса

од Vladimir Zorba
314 прегледи

Фудбалскиот клуб Барселона соопшти дека успешно го пријавил Дани Алвеш, и дека Бразилецот ќе може да игра во иднина.

Пристигнат на 12 ноември како слободен играч, Дани Алвеш до денес не е пријавен за Каталонците поради административни проблеми. Но, тие беа отстранети, па Алвеш е во протоколот за мечот од Купот што овој клуб го игра со Линарес Депортиво.

Во меѓувреме, тој беше позитивен на вирусот Ковид-19, беше излечен и ставен на располагање на Чави Ернандез. Следна цел на Барселона е регистрацијата на Феран Торес, кој пред неколку дена доби позитивен тест за присуство на коронавирус.

Барса ќе излезе со дури девет „деца“ против Линарес Депортиво поради проблеми со првиот тим со повреди, коронавирус или суспензии.

Слични содржини