367
Алжирската фудбалска федерација сака да го назначи Зинедин Зидан како тренер на националниот тим на земјата, јавува „Онз Мондиал“.
Зидан, кој во моментов е тренер на светскиот и европски клупски првак Реал Мадрид, е главен кандидат за местото, кој во последните шест месеци се зазема од Рабат Маџер.
Алжирската фудбалска централа е подготвена со понуда за 45-годишниот специјалист ако одлучи да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.
Зидан е роден во Марсеј, во семејство на алжирски емигранти.