Алжирец почина откако дански полицајци на сила се обидувале да го депортираат

од desk2
118 прегледи

Данската полиција истражува случај во кој Алжирец починал откако тројца полицајци го придружувале до аеродромот и го седнале во авион кој требало да го врати во неговата земја.

Алжирецот не сакал да седне на седиштето, па полицајците, според очевидци насилно се обидувале да го задржат на седиштето.

Еден сведок, кој седел близу Алжирецот вели дека „борбата“ траела час и половина, а Алжирецот цело време давал отпор. Тројца полицајци се обидувале да го седнат на место, еден го држел од назад, еден речиси лежел врз него. По час и половина Алжирецот престанал да пружа отпор, а преку системот за повикување во авионот бил побаран лекар. Во авионот имало лекар кој му дал вештачко дишење на Алжирецот, а и му направил масажа на срцето, по што тој бил пренесен во болница.

Сепак, по два дена починал.