Ама Брнабич не била притив Русија- лош бил преводот на америте !

од Vladimir Zorba
126 прегледи

 

Српскиот премиер Ана Брнабич го уверила рускиот амбасадор дека записните од  нејзините зборови за избор во корист на Европската унија биле неточно протолкувани од американските медиуми. Ова го соопшти портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова. “Рускиот амбасадор во Белград се сретнал посебно со Брнабич, со цел да се прецизира што навистина се зборувало. Српската премиерка рекла дека нејзините зборови биле погрешно протолкувани од американската агенција и  ги врачила целосна стенограмите од своето интервју со Блумберг, во коеи имало фалинки.

Русите се успокоиле..

Поаѓајќи од овие појаснувања “, изјави Захарова, на 4 јули Брнабич во интервју за агенцијата “Блумберг” божем беше изјавила дека Србија ќе ја избере ЕУ, ако биде поставена пред изборот меѓу Русија и влегувањето во регионалната организација. Одговарајќи на прашање на агенцијата, дали Белград и понатаму ќе одбива да воведе санкции во однос на Москва, таа, како што наведува агенцијата, одговорила дека не може да го вети тоа.

Претходно Брнабич ја негираше можноста за воведување на антируски санкции и е за  прогласување добри односи со Русија. Нејзината кандидатура за функцијата премиер беше подигната од страна на претседателот Александар Вучиќ, кој и порача да ги  зајакне односите со ЕУ, Русија, Кина и САД.

Во понеделникот, за време на својата посета на Брисел, Вучиќ за прв пат од почетокот на преговорите за евроинтеграции помоли за забрзано прифаќање на Србија во ЕУ. / ТАСС