Амаду Онана предизвика скандал меѓу Белгија и Мбапе

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Белгискиот фудбалски сојуз се извини за видеото објавено на нивните профили на социјалните мрежи во кое играчот од средниот ред Амаду Онана вели дека ќе го удри капитенот на Франција, Килијан Мбапе кога двете страни ќе се сретнат во 1/8-финалето на Европското првенство во понеделник.

Видеото, кое оттогаш е отстрането од социјалните мрежи, го прикажува комичарот Пабло Андрес како пее „Кој ќе го удри Мбапе пред да се појави Онана и да одговори: „Амаду Онана“.

Портпаролот на фудбалската централа на Белгија, Стефан Ван Лок се извини претходно денеска на почетокот на прес-конференцијата на тимот.

„Видеото требаше да биде хумористично, но сега е отстрането. Би сакале да му се извиниме на секој што можеби бил навреден поради тоа. Тоа е крајот на работата“, рече тој.

Клипот не беше добро прифатен од корисниците на социјалните мрежи во Франција и предизвика големо медиумско внимание.

Комичарот Пабло Андрес е ангажиран од Фудбалскиот сојуз на Белгија, правејќи интервјуа со играчите на репрезентацијата и објавувајќи видео клипови со нив на нивните профили на социјалните мрежи.

Слични содржини