Aмал Клуни: модна икона во есенска хит комбинација

од desk4
371 прегледи

Сите обожаватели на популарната двојка Клуни беа збунети кога Амал неодамна се појави на прослава од годишнината дотерана од глава до петици, а нејзиниот сопруг во лежерна комбинација. Славниот актер инаку не си дозволува такви грешки, а особено кога покрај него е сопругата, позната модна легенда.

 


Не помина многу, а Џорџ се оправда!

Атрактивната двојка, инакиу горди родители на близнаците Александар и Ела, го посетија познатиот њујоршки „Фрик“ музеј за што посебно се дотераа. Адвокатката изгледаше спектакуларно во дводелен комплет, од креаторот Жак Позен, во смарагдно зелена боја. Тоа го искомбинира со модни детали во контраст – малечка „плик“ чанта во бежова боја и елегантни чевли во иста нијанса.

Џорџ за разлика од последното свечено излегуваљње, овој пат заблеска во темно сиво одело со малку струкирано сако, свечена црна кошула со црни чевли и ремен.

Слични содржини