Амал Клуни во сензационално издание: Тешко е да се одлучи дали е подобар фустанот или фризурата

од Vladimir Zorba
466 прегледи

Амал Клуни со својот славен сопруг Џорџ Клуни се појави на прославата на 50-тиот роденден на нејзината пријателка Шарлот Тилбери, позната шминкерка и сопственичка на истоимениот бренд за шминка. За таа прилика таа буквално блесна во сребрен „метален“ фустан, дизајниран од модната куќа Paco Rabanne.

Станува збор за препознатлив „синџир модел“ на познатиот бренд, кој одлично и прилега на убавата црнка. Таа е позната по љубовта кон блескавите фустани, најчесто во сребрена или златна боја, со едноставен крој и мини должина, што е безвременски избор со кој не можете да погрешите.

Фотографијата на убавата адвокатка на социјалната мрежа ја сподели нејзиниот шминкер и фризер Димитрис Џанетос, нарекувајќи ја „Студио 54 глам“.

Ефективниот стајлинг Амал го заокружи со одлична шминка и уште подобра фризура, што ја направи Џанетос. Обемна фризура со разделба на страна, стилизирана во сирени бранови кои ја истакнаа нејзината чоколадно кафена боја надополнета со прамени „бејбилајтс“ во посветла нијанса.

„Амал има природно многу убава коса, а прамените во боја на јавор создаваат 3D ефект кога фризурата е стилизирана. Користев виткач од 2 см и почнав на 5 см од лицето, виткајќи ја косата во различни насоки. Потоа ги четкав локните за да постигнам течен, диско, ефект на Студио 54“, изјави Џанетос за Vogue, додавајќи дека фризурата ја завршил со класичниот лак за коса Elnett на L’Oréal за да се задржи и да и даде дополнителен сјај.

Слични содржини