“Аман за аман”- директорите на основните грчки банки побараа итно договор со доверителите

од desk3
83 прегледи

Директорите на четирите системски банки во Грција се огласија за брзо завршување на преговорите на земјата со меѓународните кредитори и за постигнување веднаш на договор со нив, соопштуваат грчките медиуми, јави БТА.

zx450y250_2525148

Во неделата беше најавено дека Владата ќе ги предложи најголемите попусти до моментов, во обид да се надмине ќор-сокакот во преговорите со европските партнери, потсетува “Ројтерс”. Атина објави дека е подготвена да го продаде својот мнозински удел во двете најголеми грчки пристаништа, да отстапи во однос на големината на ДДВ, како и да преземе некои пензиски реформи.

Постигнувањето на националната цел за договор со партнерите и потврдувањето на европската ориентација на земјата ќе придонесат за рестартирање на грчката економија и ќе не стават во фаза на стабилен раст, вели извршниот директор на Народната банка Леонидас Франгиадакис.

Оддалечувањето од несигурноста е прашање од врвно значење не само за банкарскиот систем на Грција, но и за економијата на земјата, успешното завршување на преговорите со партнерите од ЕУ преку нова заемно корисна спогодба, ќе ослободи моќната динамика на нашата економија и ќе ја стави во орбитата на раст, смета шефот на “Алфа” банк Димитриос Мандзунис.

Аранжман со доверители е основен предуслов за раст на грчката економија. Позитивен крај на преговорите и обновување на нормални услови на финансирање на државата ќе доведе до зголемување на можностите на банките и до финансирање од меѓународните пазари, оценува извршниот директор на банката “Пиреос” Антимос Томопулос .

Грција е подложена на постојан кредитен притисок и несигурност, кои постепено ја еродираат реалната економија, оваа ситуација не може да продолжи, за тоа е крајно неопходно еден реален договор со институционалните партнери, изјавува шефот на “Јуробанк” Фокион Каравиас.

Пред тоа, пратеник од партијата СИРИЗА предупреди пред локална телевизија изјави дека ако Европејците не отстапат на преговорите со Атина, во Грција е можно “кредитен настан” (банкрот ) за 15 дена.