Од политичката партија Левица вечерва порачаа дека се задоволни од излезноста во вториот круг од локалните избори. На прес-конференција одржана вечерва информираа дека во голем број на изборните места во Скопје се води мртва трка меѓу нивниот кандидат за градоначалник Амар Мециновиќ и неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.
Според Левица, во голем број од изборните места има мртва трка меѓу кандидатите.
-Засега знаеме дека во општините Карпош и Центар имаме водство. Во однос на некои избирачки места во Кисела Вода каде што е актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, забележавме дека имаме водство што ја отсликува волјата на народот, изјави портпаролот на партијата, Круме Богески.