Амазон ќе дозволи плаќања со криптовалути

од Nikola Popovski

Голем број гиганти за електронска трговија постепено воведуваат криптовалути како нова опција за плаќање. Повеќето компании сè уште гледаат на пазарот и ги разгледуваат најдобрите опции за акција и се чини дека „Амазон“ наскоро би можела да донесе конкретна одлука и да прифати дигитални валути како начин на плаќање.

Огласот за работа, поставен од „Амазон“, сугерира дека компанијата конечно сериозно размислува за спроведување на криптовалути како опции за плаќање. Во огласот се бара „искусен деловен лидер кој ќе ја развие стратегијата на „Амазон“ за дигитални валути и блокчејн и план за издавање производи и услуги“

Во моментов, „Амазон“ не дозволува на корисниците да плаќаат со криптовалути. Засега е непознато кога компанијата би можела да започне да прифаќа вакви валути за да плаќа нарачки преку страницата.

Меѓутоа, кога тоа ќе се случи, другите страници и услуги за е-трговија се очекува да започнат да ја нудат истата опција.

Слични содржини