Амазон сега емитува повеќе CO2 отколку што апсорбира

од Stefanija Kuzmanovska

Дождовната шума Амазон сега емитува повеќе јаглерод диоксид (СО2) отколку што е во состојба да апсорбира, потврдија научниците во најновата студија.

Според таа студија, емисијата изнесува една милијарда тони јаглерод диоксид годишно, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

Огромната шума порано беше „впивач“ за СО2, што е двигател на климатската криза, но сега придонесува за интензивирање на таа криза, велат истражувачите.

Повеќето емисии на СО2 се предизвикани од пожари, а многумина намерно ги расчистиле шумите на овој начин, со цел да добијат земјиште за производство на соја и други култури.

Но, дури и без пожари, високите температури и суши значат дека југоисточниот дел на Амазон стана извор на СО2, а не „впивач“.

Одгледувањето дрвја и растенија е одговорно за околу една четвртина од сите емисии на фосилни горива од 1960 година, во кои Амазон играше голема улога како најголема тропска шума.

Губењето на способноста на Амазон да апсорбира СО2 е остро предупредување дека намалувањето на емисиите од фосилни горива е поитно од кога било, велат научниците.

Слични содржини